СЈО го отвори случајот „Тортура“, за апсењето на Љубе Бошковски

Под името „Тортура“, Специјалното обвинителство соопшти дека започнува истражна постапка за начинот на апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, ден по парламентраните избори, на 6 јуни 2011 година. Како што на денешната прес конференција информираше обвинителката Фатиме Фетаи, првоосомничен во овој случај е директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање во тој период.

„Врз основа на прибраните докази произлезе основано сомнение дека сите инволвирани, освен се разбира оштетениот,  биле живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескруполозноста на дел од полициските сили – алфи, во изведување на апсење на политички противник на партијата на власт, и која во тој период раководи со полицијата. Тоа во кривично – правниот речник се нарекува едноставно – Тортура. Таквото поведение е казниво по сите меѓународни стандарди“, истакна обвинителката Фетаи.

Од СЈО појаснија дека не е побаран притвор бидејќи првоосомничениот, поранешниот директор на УБК, повеќе не е на функција. Инаку во тој перод на чело на Управата беше Сашо Мијалков.