Сјајот и бедата на Попова Шапка: Од центар со светска слава во јалова долина

Попова Шапка некогаш беше познат скијачки центар во регионот и пошироко. Се инвестирало во инфраструктурата, се одржувале скијачки натпревари на кои учествувале натпреварувачи од целиот свет, и била омилена дестинација за многу планинари и скијачи. Денес, останата е само големата желба на туристите скијачи да го видат овој центар развиен како некогаш, пренесува Порталб.мк.

Овој планински терен уште од 1924 година беше дестинација за планинарите на тогашната Југославија. Први кои што го воочиле и почнале да го користат потенцијалот на овој терен биле членовите на Здружението на планинари „Шар Планина“ уште од 1934 година, кога и го формирале првото скијачко здружение.

Фото: Порталб

Сепак, Попова Шапка не само што го изгубила некогашниот сјај, туку денес е целосно запоставена и воопшто не се инвестира таму. Компанијата која во моментов управува со Попова Шапка е компанијата „Елем турс“. Некои од хотелите кои што ги управува истата компанија со години работат со загуби, при што до денес акумулирале вкупен долг од 24 милион евра.

Жичарата не работи уште од 2001 година, поради штетите предизвикани во текот на војната, а поради тоа се предизвикани и други проблеми. Околу објектот кој во минатото беше жичара пасат овци. Недостатокот од канти за отпадоци како и лошото управување со отпадоците довело до палење на истите од хотелите и граѓаните.

Порталб