Sitting green – конкурс за најдобро дизајнирана еко столица

go-greenПроектантската компанија Македонијапроект ги повикува сите графички дизајнери, архитекти и визионери да дадат најдобро креативно идејно решение за еко столица. Конкурсот за дизајн на еко столица „sitting green” веќе е отворен и пристигнатите предлози ќе се примаат се до 23 февруари 2013 година.

На овој конкурс својата иновативност и креативност можат да ја покажат студентите по дизајн, архитектура, уметност и сите други кои имаат визија, желба и знаења. Ограничен број на предлози и идејни решенија по учесник не постои.

Секој што ќе испрати предлог со идејното решение кое треба да биде доставено во 2 копии во боја, А4 формат, печатена и електронска форма, треба да даде краток опис на дизајнот, предвидениот материјал и објаснување на идејното решение.

За најдобрата идеја и најзелената визија Македонијапроект обезбеди и награден фонд а исто така и промоција на авторот, локално, национални како и надвор од државата.

Пристигнатите идејни решенија за првата првата еко столица во Македонија, ќе бидат оценувани од тричлена комисија составувана од два архитекти и еден графички дизајнер. Ќе се оценуваат иновативноста, во смисла на единствено напредно решение и креативноста.

Подетални информации за правилата за учество и пропозициите на конкурсот достапни се на следнава е-маил адреса, contact@makedonijaproekt.com.mk