Сите светски музички жанрови во една огромна слика

Електронската музика често е мета на критика поради големото натрупување поджанрови и стилови. Но, новата шема која ја направи The Echo Nest покажува дека ова не е карактеристика само на електронските музички стилови.

Користејќи алгоритамски процес и повеќе од 1.300 поединечни музички жанрови, составен е најголемиот музички попис досега. Резултатот е вчуденевидувачки збир на зборови и изрази со кои повеќето луѓе никогаш не се сретнале – од „киви рок“, преку „бост поп“, до „форо“. Старите и новите жанрови се претставени заедно со нивните поджанрови. Со клик на називот на жанрот може да се слушнат примери на песни од тој жанр, додека кликот на стрелката до жанрот води до нова листа на изведувачи од тој музички стил.