„Сите под еден чадор“ – хуманитарен настан за децата со попреченост во градинките во Гази Баба

Филозофскиот факултет во Скопје и Дирекцијата за заштита и спасување во идниот период ќе одржат серија настани за подигнување на општествената одговорност на институциите и приватниот сектор за децата со посебни потреби.

Во понеделник, 14 јануари, со почеток во 16 часот во рестораниот „Амбрела“ ќе се одржи првата хуманитарната дружба под наслов „Сите под еден чадор“.

Целта е со собраните средства од овој настан да се купат дидактички материјали за работа со деца со посебни потреби за градинки од општина Гази Баба. За таа цел, на влезот ќе биде поставена кутија за донации, а 20% од целокупниот промет за време на настанот ќе биде наменет за купување на дидактичките материјали.