Сите нови автомобили во Норвешка наскоро ќе бидат електрични

Продажбата на новите електрични автомобили во Норвешка, минатата година порасна за 31%, а нордиската земја, според очекувањата на аналитичарите, набрзо потполно ќе го електрифицира возниот парк, пренесува „Индекс“, а пишува „Хина“.

42.4% од минатогодишната продажба на автомобили во Норвешка отпаѓа на целосно електрични автомобили, што претставува глобален рекорд, зголемувајќи го учеството од 31.2% од учеството на пазарот во 2018 година, и само 5.5% од 2013 година, соопшти во петокот Норвешко автомобилско здружение.

Со тенденција да стане првата земја која до 2025 година ќе престане со продажба на автомобили на фосилно гориво, Норвешка ги ослободува од данок сопствениците на електрични возила кои се наметнуваат за бензинските и дизел автомобили.

Оваа година, шест од десет нови автомобили, продадени во земјата се очекува да бидат целосно електрични, вели Харалд А. Милер од компанијата „Фолсваген“, која се подготвува за лансирање на неколку електрични модели во 2020 година.

„Електрификацијата на автомобилскиот пазар се забрзува. Предвидуваме дека електричните возила во 2025 година во Норвешка ќе имаат 100 процентен удел во автомобилскиот пазар“, вели Милер.

Фото: ЕПА