Сирова култура – нов проект на МКЦ за промовирање на младите неафирмирани уметници

Младинскиот културен центар започнува нов проект наречен „Сирова култура“.

Идејата е четири пати годишно, на крајот на секое тримесечие, на младите независни и неафирмирани артисти, кои немаат повеќе од 30 години, да им се даде простор и време да го претстават она што го создаваат.

„Ако правите авторска музика, создавате уникатни уметнички дела, театар, пишувате проза/поезија или драми… Пишете ни на info@mkc.mk, со назнака СИРОВА КУЛТУРА и покажете ни што работите.

Испратете ни линк до вашите инстаграм профили, фб страници или you tube канал на кои ја претставувате вашата уметност, или доколку не сте се претставиле на социјалните медиуми, пратете ни некоја од вашите творби на мејлот погоре“, велат од МКЦ.

Оттаму до 15 март ќе направат селекција на пристигнатите апликации и ќе ги избере десетината најдобри, кои понатаму ќе учествуваат во еднодневен мултимедијален настан на кој ќе бидат претставени нивните дела.

Во однос на продукцијата на делата што ќе бидат претставени на СИРОВА КУЛТУРА, МКЦ ќе учествува со своја опрема, простор и логистика.