„Сирова култура 2020.1“ – МКЦ со повик за младите уметници

Младински културен центар и годинава распиша повик за млади уметници „Сирова култура“.

Идејата е неколку пати годишно, на младите, независни и неафирмирани артисти, кои немаат повеќе од 25 години, да им се даде простор и време во МКЦ да го претстават она што го создаваат.

„Ако правите авторска музика, а немате озвучување со кое ќе згрмите и ќе ве чујат – тука сме ние! Нацртавте одличен стрип, а ви фали принт? Сликате супер кул, правите супер фотографии, дизајнирате супер модели, но никогаш претходно не сте се претставиле во галерија? – Пријавете се на Сирова култура“. Сте направиле театарска претстава, перформанс или инсталација, снимивте филм или видео – сцената е ваша! – Пријавете се на Сирова култура“. Ако пишувате поезија, а се срамите да ја прочитате гласно – дојдете на Сирова култура! Гарант има уште два-тројца срамежливи како вас, кои само во себе ги читаат своите стихови. Дојдете во МКЦ, сакаме да ја прочитаме вашата поезија!“, стои во повикот.

Апликацијата е достапна на следниот ЛИНК.

Избран тим до 25 март ќе направи селекција на пристигнатите апликации и од нив ќе ги избере квалитетните, иновативните, оригиналните.