„Сиромашните се луѓе, не статистика!“ – Конференција за Денот за искоренување на сиромаштијата

На 17 и 18 октомври, по повод Интернационалниот ден за искоренување на сиромаштијата, Македонската платформа против сиромаштија организира дводневна Конференција под слоганот „Сиромашните се луѓе, не статистика“.

На конференцијата е предвидено да учествуваат сиромашни и социјално исклучени лица кои преку учество во работни групи ќе споделат искуства од социјалната реформа и ќе изработат препораки за политиките во социјалната заштита за 2020 година и понатаму.

Следниот ден ќе биде организирана панел дискусија за претставување на изработените препораки.

„22.2 % изнесува стапката на сиромашни лица во 2017 година. 111.737 лица биле корисници на социјална парична помош во 2016 година. 2.3 % од врботените лица земале плата до 12.000 денари во 2018 година. Овие бројки не се само статистика. Тие се животни судбини и во нив се наоѓаат нашите другари, соседи, пријатели, роднини“, велат во најавата за настанот од Македонската платформа против сиромаштија.

Од организацијата ги повикуваат да ги контактираат оние кои имаат искуство во сиромаштија и сакате да учествувате во активностите предвидени за двата дена. Повеќе информации на следниов ЛИНК.