Сириските „Бели шлемови“ се дел од добитниците на „алтернативната“ Нобелова награда

Волонтерска група во Сирија која спасува илјадници луѓе од бомбардираните згради во текот на граѓанската војна е една од добитниците на Наградата за правилен живот.

Сириската цивилна одбрана, или уште попозната како „Белите шлемови“ ја делат наградата со египетската феминистка и борец за човекови права Мозн Хасан, русинката Светлана Ганускина, која има кампања за правата на мигрантите и бегалците и независниот турски весник „Кумхуријет“.

„Тие доаѓаат откако експлодира бомба и ги спасуваат луѓето од урнатините, од остатоците на куќите кои биле бомбардирани“, изјави Оле вон Уекскул, извршен директор на Наградата за правилен живот.

„Многумина во Сирија веруваат дека кога ќе има примирје, ‘Белите шлемови’ ќе бидат тие што ќе им помогнат повторно да ја изградат државата од урнатините“, додаде тој.

Наградата е позната и како шведската „алтернативна Нобелова награда“. Четирите лауреати ќе делат парична награда од 352 000 долари.