Сириски деца држат слики од покемони со надеж дека ќе бидат најдени и спасени

Фотографии на сириските деца кои во рацете држат слики од покемони и бараат да бидат спасени почнаа да циркулираат на интернет. Сликите, објавени на Фејсбук и Твитер, покажуваат млади Сиријци кои очајно гледаат во камерата држејќи ја сликата со зборовите: „Јас сум тука, дојди да ме спаси”.

На сликите исто така стои локацијата на која се наоѓа секое дете. Сите тие се во различни сириски градови.

Фотографиите ги објавува Канцеларијата за медиуми на револуционерните сили на Сирија. Нивниот портпарол за „Independent“ вели: „Со оглед на тоа што играта со покемон се шири во медиумите, решивме да ги објавиме овие слики за да се потенцираат страдањата на сирискиот народ“.

Сликите се прегледани повеќе од 22000 пати.