Сириски деца бегалци во Либан работат во робовски услови

Повеќе од еден милион Сиријци спас од конфликтот во нивната земја побараа во Либан. Експертите за човекови права велат дека голем број сириски деца бегалци во Либан се принудени да работат во услови кои наликуваат на робовските.

Либан има нешто повеќе од 4 милиони жители од кои четвртина се Сиријци кои избегале од својата држава по ескалацијата на кризата во нивната матична земја, пренесува Ројтерс. Нерегулираниот правен статус бара од нив да бараат нелегални начини за заработка на пари, а очајот ги води децата да бидат искористувани за работа.

Според извештајот на Фридом фонд (Freedom Fund), активистичка група против ропството, бегалски семејства се принудени да живеат во заедници, во супстабдардни услови и шатори, како и да не одбиваат било каква работа. Одредени работодавачи во Либан претпочитаат да вработуваат деца, поради што заедниците ги испраќаат младите членови да работат на фармите, во ресторани и и работилници во близина.

Тие често работат во услови на „принудна работа”, се вели во извештајот, заработуваат малку или воопшто не добиваат плата.