Сириец ги храни бездомниците за да се заблагодари за гостопримството на Германија

Alex Assali, Сириец кој живее во Берлин, поставува „тезги за оброци“ на кои нуди оброци за бездомниците, како начин да им „даде нешто назад на Германците“.

Assali вели дека побегнал од Сирија во 2007 година, откако го критикувал сирискиот претседател Bashar Al-Assad на интернет. Откако поминал неколку години во Либија, се доселил во Германија во 2014, пишува Mashable.

Од август поставува „станици за оброк“ на различни локации низ Берлин да служи храна на бездомниците во градот. Секоја сабота е пред Alexanderplatz, каде служи топол оброк на околу 100 луѓе.

Пријателката на Alex, Tabea Bü објавила фотографија од него на Facebook, кој потоа била објавена на Imgur. Сликата наскоро се „раширила“ на социјалните мрежи.

„Навистина изгуби сé. Мораше да го остави своето семејство во Сирија бидејќи сакаа да го убијат“, напишала Bü на Facebook.

„Иако нема многу, сепак излегува на улица и им дава храна на бездомниците“.