Шишиња и чаши летале синоќа околу полноќ во кафулето „Њу Орлеанс“ во Старата скопска чаршија, сведочат посетители кои преку социјалните мрежи раскажуваат за немилиот настан. Демолирањето на кафулето денеска го потврди и полицијата.
Во редовниот билтен на МВР се појаснува дека во кафе барот „Њу Орлеанс“, дошло непознато лице кое започнало вербална расправија барајќи да не се пушта македонската музика. Потоа лицето заминало од барот, за набрзо потоа да се врати со неколку млади лица на возраст од 20 до 25 години кои исто така започнале вербална расправија по што искршиле две стакла и компјутер кој бил сопственост на ДиЏејот, појаснуваат од МВР.
Кога вработената сакала да се јави во полиција, лицата и го одзеле телефонот и го скршиле удирајќи го од земјата, се додава во билтенот. Полицијата се уште ги нема пронајдено сторителите.
Реакциите на социјалните мрежи пак се жестоки и силно се осудува овој настан. Последниве неколку години Чаршијата стана мошне популарно место за скопјани, но и простор за интеграција на различните етнички заедици во земјава.