Сингапур уништи осум тони илегална слонова коска

Властите на Сингапур утринава уништија осум тони слонова коска запленета од криумчари, во текот на изминатите две години.

Огромната количина на слонова коска е вредна околу 10 милиони долари на црниот пазар. Ловците и криумчарите обично ги користат пристаништата во Сингапур за да ја сокријат илегалната стока.

Криумчарите често ги одбираат дестинациите како Сингапур, каде има малку лов на диви животни, за да ги обележат пратките кои доаѓаат од места каде илегалното ловење и трговија со слонова коска се голем проблем.

Голем дел од слоновата коска која беше уништена денес доаѓа од огромна акција во мај 2015 година, кога беа запленети околу 4,6 тони заби од слонови, вредни околу 5,9 милиони долари. Пратката пристигнала од Кенија, а требало да стигне во Виетнам. Означена била како „листови од чај“.

Казните за увоз и извоз на забранети делови од животни се движат до 369000 американски долари, како и две години затвор за криумчарите.

Извор: Mashable