Сингапур изгради огромна соларна плантажа на вода како мерка за климатската криза

Во Сингапур е забележлив интересот за намалување на емисиите на штетните гасови и раст во борбата против климатската криза преку изградба на соларна плантажа на северниот брег на земјата.

Соларната плантажа е изградена на границата помеѓу Сингапур и Малезија, а се состои од 13.00о соларни панели.

Плантажата ќе може да произведува до пет мегавати електрична енергија, што е доволно за снабдување со електрична енергија 1.400 домови годишно.

Шон Тан, заменик претседателот на компанијата истакнал дека водните површини се одлична површинска алтернатива за изградба на соларни плантажи, имајќи предвид дека државата има ограничена површина на почва која може да се искористи за производство на електрична енергија.

Океаните се новите фронтови за производство на електрична енергија, велат од фирмата која го остварува проектот

Ваквите напори во Сингапур се државен одговор бидејќи Сингапур е прогласен за еден од најголемите загадувачи во Азија.

Еколошките активисти долго време ја обвинувале државата дека не презема доволно мерки против загадувањето, а зголемување на водното ниво бил еден од најголемите ризици за иднината на Сингапур.

„Сингапур ги обнови целите кои сака да ги достигне до 2030 година минатиот март, но новата цел не е зголемена борба против климатската итност што се коси со Парискиот договор“, истакнале од здруженијата за климатска промена.

Извор: Independent