„Синедејс“: Сеќавање на ЕКВ со Срѓан Тодоровиќ, проекција на „Догман“ и предавање за филм

Публиката на 17. Фестивал на европски филм “Синедејс“, вечерва ќе може во киното Милениум да ги проследи „Фаворитката“ на Јоргос Лантимос (20 часот), а од 22:30 часот следува „Догмен“ на Матео Гароне, двата од Гала програмата.

Во киното Фросина, пак, од 21 часот ќе може да се види македонскиот краток „Сонот за крвта и душата“ на Игор Алексов, а следува „Хаотичниот живот на Нада Кадиќ“ на Марта Хернаиз Пидал – дел од СинеБалкан програмата.

Од музичката програма, пак, во Младинскиот културен центар, од 23 часот е настапот на проект бендот „Деца из воде“ со специјалниот гостин Срѓан Тодоровиќ, а во рамки на мултимедијалната програма „Сеќавање на Милан и ЕКВ“ по повод 60 години од раѓањето на Младеновиќ (1958, Загреб). Пред концертот во Дансинг салата ќе се прикаже филмот „Дечак из Воде“.

Од ретроспективата на Милош Форман, од 22 часот во Џебното кино при МКЦ ќе може да се види „Црниот Петер“, а како дел од придружната програма, пак, од 13 часот младите филмаџии ќе можат да го проследат предавањето на Бригита Мантеј „Како да реализирате филмски проект?“.