Синдикален протест на 1 мај наместо скара

Конфедерацијата на синдикални организации и независниот полициски синдикат најавија протест на први мај преку кој ќе ги испратат барања за подобрување на работничките права преку целосна измена на постоечкиот закон.

„Бараме комплетна измена на законот за работни односи, не козметички измени“, вели Марјан Ристески од конфедерацијата на синдикални организации.

Независните синдикални организации бараат што побрзо да се оствари ветената реконструкција на овој закон, како и прекин на работата на извршителите.

„Овој грабеж, оваа пљачка што ја прават извршителите мора конечно да и ставиме крај“, рече Ристески.

Маршот ќе почне пред МРТ во 11 часот.