Симулација на Советот за безбедност на ООН во Тетово

Вчера во Центарот за Балканска Соработка – Лоја се реализираше завршниот годишен настан на напредните клубовите по Учиме Право од Тетово и Скопје. 17 учесници кои успешно ја поминаа едногодишната програма ја симулираа работата на Советот за безбедност на Организацијата на Обединетите Нации.

Симулација на Советот за безбедност на ООН во Тетово

Симулацијата на советот за безбедност при ООН, преку петте постојани членки (САД, Народна Република Кина, Руска Федерација, Велика Британија и Франција) и десетте непостојани земји членки избрано од страна на Генералното Собрание (Аргентина, Австралија, Чад, Чиле, Јордан, Литванија, Луксембург, Нигерија, Кореја, Руанда) ја прикажа работата на советот, односно заседавањето и одлучувањето за безбедносната ситуација и состојба во Украина и нејзиниот однос за Русија. Откако сите постојани и непостојани земји –членки ги искажаа своите ставови, Советот донесе заедничка резолуција за надминување на кризата и конфликтите во Украина.

Средношколците преку оваа симулација, на практичен начин го демонстрираа знаење од областа на правото, правниот систем, меѓународното право кои го стекнаа преку годишната програма. Велат дека се среќни бидејќи барем преку симулација да се најдат во улога на Делегати во Советот за Безбедност.

„Ова за нас претставува начин каде што можеме стекнатите теоретски знаења да ги преточиме во пракса и подетално да се запознаеме со работата на оваа институција“, истакнаа еден од учесниците за Радио МОФ.

Преку Учиме право клубовите, средношколците имаат можност да се запознаат со основните елементи на правото, правниот, политичкиот систем, демократијата, човековите, граѓанските и политички права и слободи, меѓународното право, европската унија. Покрај практичните предавања, членовите на клубовите имаа можност за посета на институции од локалната, централната, судската власт и каде што директно се запознаваа со нивното работење.

Б.К.