Симпозиум за женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа

Симпозиумот на тема: „Женските права низ призмата на аудиовизуелните уметности во Југо-Источна Европа” од 19 до 21 ноември ќе се одржува во Скопје.

На симпозиумот ќе учествуваат филмски авторки, активисти за женски права, социолози и останати стручњаци кои активно рабoтат на ова прашање. Во состав на настанот ќе се организира проекција на документарни филмови, а целиот настан ќе биде документиран од страна на посебна филмска екипа, која што на крајот ќе произведе документарен филм.

Текстовите од учесниците на симпозиумот ќе бидат објавени во заедничка публикација, која ќе биде промовирана во март 2016 година.

Програмата за настанот погледнете ја во продолжение:

Симпозиумот го организира Универзитетот за аудиовизуелни уметности, во соработка со УНЕСКО. Поддржувачи се Нова Македонија, Кинотеката на Македонија и Град Скопје.