Симпл Мајндс со настап во Скопје

Симпл Мајндс, легендарниот шкотски рок-состав, на 06 март во Скопје ќе одржи концерт во СРЦ „Кале“ во рамки на нивната светска турнеја насловена „Greatest Hits“.

Симпл Мајндс утре настапуваат во Скопје

Бендот се очекува да пристигне во Македонија ден пред концертот, а ќе допатува од Загреб каде што претходно имаше концерт. Според организаторите, „Авалон продукција“, не е предвидена прес-конференција, ниту интервјуа со групата.

Во Скопје ќе настапат во следнава постава: Џим Кер (вокал), Чарли Брчил (гитара и клавијатури), Мел Гејнор (тапани), Енди Гилеспи (клавијатури), Џед Грајмс (бас- гитара) и Сара Браун (придружен вокал). Тие имаат и комплетно сопствена продукција на звук и светло што, според организаторите, ветува незаборавен концерт.

Пред македонската публика се очекува во двочасовниот настап тие да ги изведат нивните најголемите хитови како: „Don’t You (forget about me)“, „Promised You A Miracle“, „Waterfront”, „Alive and Kicking“, „Glittering Prize“, „All The Things She Said“, „Sanctify Yourself“, „Someone Somewhere (In Summertime)“, „Ghost Dancing“, „Kick It In“, „She’s A River“, „Mandela Day“, „Beafast Child“ и многу други.

Како предгрупа на концертот ќе настапи македонскиот состав Мизар, кој ќе промовира дел од материјалот од нивниот нов албум „Шарена крава“.

Во својата над 30 години долга кариера, Симпл Мајндс имаат издадено 16 студиски албуми, чија продажба има достигнато мултиплатинести тиражи.