Симона Наумовска e новa студентскa лидерка на УКЛО

Симона Наумовска, редовна студентка на Ветеринарниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола е избрана за нова студентска лидерка.

Вчера, со тајно гласање заврши изборот на претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание при УКЛО.

„Со изборот на Симона за студентски лидер на УКЛО уште еднаш се афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО  се вбројува меѓу универзитетите чија цел, меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост“, стои во соопштението.

Претходно, функцијата студентски лидер на УКЛО во два наврати ја извршуваше Дона Петрова од Правниот факултет.