Симфониски концерт за деца во МОБ

Македонската филхармонија за најмладата публика денеска ќе приреди симфониски концерт „Со танц низ светот“.

Симфониски концерт за деца во МОБ

Ќе бидат изведени танци од повеќе земји, како австриски валцер, полска полонеза, менует, мамбо…

Со оркестарот ќе диригира Саша Николовски-Ѓумар, а аниматор ќе биде Мартин Јорданоски. Концертот ќе се одржи во салонот на Македонската опера и балет.