Силни притисоци кон Кирил Ристески, предводникот на протестите за екстерното тестирање

Минатата пролет, јавноста ја разбрануваа протестите на основците и средношколците кои побараа укинување на екстерното тестирање во училиштата. Но, тестирањето, кое на крајот ги седна во клупите околу 200.000 ученици, беше запаметено и по момчето Кирил Ристески, ученик од скопското средно фискултурно училиште, кој остана единствен на браникот против екстерното тестирање. И, тој навистина не ги полагаше тестовите предвидени со тестирањето, но колкава беше цената која ја плати за тоа?

Силни притисоци кон Кирил Ристески, предводникот на протестите за екстерното тестирање

Порталот Фактор стапи во контакт со средношколецот Кирил Ристески. Се уште е позитивен и амбициозен, како и првиот ден кога се спротистави на одлуките на надлежните да го спроведат екстерното тестирање во училиштата. Кирил, вели, денес е истиот – борбен, искрен, свој на своето и многу похрабар и поискусен од претходно.

„Мислам дека протестите ме искалија, ми одржаа многу важна лекција која ја нема во ниту една книга. Со тоа, се случи да пораснам предвреме. Иако учествував на повеќе протести како поддржувач, мислам дека протестите против екстерното тестирање како организатор, ми ја покажаа онаа сурова слика на реалноста во нашата држава. Тие денови, мислам дека го произведоа овој Кирил.Јас си го одржав зборот. Не учествував во екстерното тестирање. И нема ни да учествувам, бидејќи оваа власт успеа во намерата да паднам година”, вели Кирил Ристески.

Спортскиот пат, од Скопје повторно го враќа во родниот Прилеп.

„Кога моите родители, поради заканата по живот ме преместија од скопското фискултурно училиште во прилепската спортска гимназија, успеаја преку директорот на С.О.У. Ристе Ристески- Ричко, и мојот тогашен класен раководител да ми избришат 12 оцени. Требаше да полагам испи,т бидејќи јас бев на смер пливање, а во Прилеп имаше само атлетика.Кога отидов да полагам, имаше двајца професори, наместо тројца. Од каде јас да знам дека треба тричлена комисија?  Па така, и полагањата ми ги поништија, со помош на тогашната моја класна, која беше во комисијата, а на совет кажале дека јас не сум се појавил на испитите. Кога отидовме да се жалиме кај одговорните во училиштето, наидовме на молк и лица кои не можеа да ве погледнат во очи. Бидејќи законот беше на моја страна, пријавив во Државниот просветен инспекторат. Кога разбраа за кој ученик се работи, не сакаа ниту печат да удрат на приговорот. По неколку дена, добив писмено известување. Одговорот беше „Училиштето направило пропусти…”, буквално со три точки ! Во официјален и службен документ ! Ја изгубив годината. Тогаш сфатив дека каде што има сила нема правдина, раскажува Ристески.

Тој сега е вонреден ученик во Струмица. Задоволен што нервозата и притисоците ги оставил зад себе и што барем малку може слободно да и се посвети на својата животна љубов-спортот. Вели, градот Струмица, го воодушевил, не само како еден нов, модерен и културен центар, туку и како место во кое можете слободно да се реализирате. Но, тагата и разочарувањето за нереализираните идеи, или можеби можноста некој да го ислуша гласот на учениците па да се избори за заедничко решение, сеуште во него будат чувство дека нешто не функционира како што треба.

Стравот помеѓу младите, според младиот средношколец, е очигледен.

„Јас бев среќен од протестите против екстерното тестирање. Бев среќен бидејќи успеав да ги разбудам младите и да ги охрабрам да излезат на улица и да се борат за нивните права. Бев среќен кога ми пристигаа пораки за поддршка, кога гледав како младите пишуваат на социјалните мрежи.Кога стигаа информации до мене од протестите во Куманово, Струмица, Берово, Тетово… Јас бев среќен од будноста на младината. Исто така, не можам да ги заборавам оние кои што беа околу мене цело време, кои што веруваа во моите одлуки и кои што останаа со мене до крај. Стефан, Михаил, Мартин, Салем, Филип, Христина, Ивана, Јована, Викторија. Извинете ако некого сум заборавил. Посебно бев исполнет, кога на мојот именден, на денот на нашите просветители 24 мај, СВ„Кирил и Методиј”, кога беше протестот во Скопје, околу 3000 ученици беа присутни. Покрај нив, и професори и родители. Според мене, младите сеуште не се свесни дека НИЕ сме иднината на оваа држава”…

Целиот текст може да го прочитате на Фактор