Силен земјотрес од 5,3 степени од Грција почувствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала синоќа во 22:14 часот го погоди регионот на грчко-албанската граница.

Земјотресот бил на длабочина од 33 метри, а е почувствуван и во Охрид, Струга, Преспанскиот регион… По социјалните мрежи имаше реакции дека здрмало и во Скопје.

Тлото околу грчкиот град Јанина синоќа се тресеше уште неколку пати. Беа  регистрирани уште неколку земјотреси со послаб интензитет од околу 4 степени. Сите биле почувствувани и во југозападниот дел од Македонија.