Силен земјотрес ја стресе Албанија, го почувствува и северозападна Македонија

Потрес со магнитуда од 5,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во соседна Албанија. Земјотресот е со истиот интензитет како најсилниот што го стресе Скопје при серијата потреси.

Земјотресот бил почувствуван и во северозападните делови од Македонија со интензитет од 3 степени.

Серија потреси биле забележани и во Грција, но со двојно послаб интензитет.