Sigur Rós го најави новиот албум и претстави нов спот

Исландскиот бенд „Sigur Rós“ годинава ќе објави уште еден комплетен албум, по минатогодишниот „Valtari“. За нивната нова издавачка куќа XL Recordings на 17 јуни ќе излезе новото издание, насловено „Kveikur“, соопшти бендот на својата веб-страница.

Како што членовите на групата (сега тројца, по заминувањето на Kjartan Sveinsson) веќе најавија пред неколку месеци, новиот албум ќе биде „поагресивен“, а тие веќе го претставија и првиот сингл „Brennisteinn“, заедно со видео-спот, кој го режираше Andrew Huang.  Sigur Ros веќе неколку месеци ја свират песната на нивните настапи, во рамките на светската турнеја, која е во тек. Минатиот понеделник, бендот го отсвире најголемиот досега концерт во Madison Square Garden во Њујорк, а вечерва (22 март) членовите ќе се појават и во шоутo “Late Night With Jimmy Fallon”.

Покрај ова, Sigur Ros објави и дека бендот ја продолжува турнејата до есен, со настапи на три континенти.