Сигет – промо забава во Скопје викендов

Овој викенд (6 и 7 јули) во клубот МКЦ во Скопје ќе се одржи промотивен настан со настапи во живо на неколку млади музичари кои ќе бидат дел од листата официјални предлози од Македонија за настап на популарниот фестивал Сигет во Будимпешта во 2014. Претходно беше најавено дека настанот ќе се одржи на градската плажа ,,Камен Мост” во Скопје, но поради прогнозите за нестабилни временски услови, се сели во клубот МКЦ Скопје).

Сабота е резервирана за елетронските артисти и ќе настапат: Anomalia Nativa, Kesko, SMCK, The Protagonist и Glodaragz, додека пак во недела ќе има настапи на бендовите: High Control, The Black & Vice Social Club, Epten, Dave Stands, Тотално Опуштање и Steel Temple.

Бендовите кои  не се во можност да настапат на вечерите, ќе бидат исто така дел од промоцијата за Сигет 2014.

Исто така, посетителите ќе имаат шанса да учествуваат во наградна игра и да добијат билети за овогодинешниот Сигет. Повеќе детали за официјалниот лајн-ап на фестивалот очекувајте во наредните денови.

Николај Митрески