„Сигет 2015“: рекордна посетеност и трагедија која го засени фестивалот

Музичкиот фестивал Сигет, кој се одржуваше во Будимпешта, Унгарија, од 10-17 август, годинава собра рекордни 441.000 посетители. „Островот на слободата“ беше домаќин на огромниот број посетители од 95 држави во светот и настапувачи од преку 50 држави.

И покрај неодамна зголемениот капацитет од 90.000 посетители на вечер, фестивалот имаше три целосно распродадени денови.

„Напорно работевме за да создадеме фестивал кој ќе има сопствен идентитет“, изјави Кароли Герендај, главен организатор на фестивалот.

„Нашата цел на долг рок е да бидеме сигурни дека Сигет ќе добие независна слика од неговите главни ѕвезди, бидејќи веруваме дека најкаректиристичните работи на настанот не мора да се случуваат само на главните сцени. За да го зачуваме едноставен, ние им даваме причина на луѓето да го посетат Сигет, ние се уште се обидуваме да донесеме бендови на сцена, но исто така се обидуваме да ги привлечеме посетителите бидејќи фестивалот понудил повеќе, огромна авантура, културен празник, врво искуство преку неделата со позитивни изненадувања“.

Годинава, екипата која стои позади фестивалот осмисли поинаква организација, со цел фестивалот да може да пречека голем број посетители кои ќе се чувствуваат безбедно и пригодно. Главната сцена, како и многу други фази беа преместени и направени со поинаков изглед.

Покрај музичката програма, Сигет традиционално е домаќин и на уметнички проекти вклучувајќи, циркус, театар или балетски претстави. Меѓудругото, фестивалот понуди палета од различни стилови на музика од класична музика, до најголемите светски хитови. Неминовни беа и зоните за релаксирање, плажата и камперскиот оган.

Годинава почесни гости беа од руската женска панк група „Пуси Рајот“ кои разговараа за нивните идеи за слобода и претставуваше симболичен дел од програмата на фестивалот. Исто така, оваа година, фестивалот одбележа 15 години од постоењето на квир програмата, чија прослава се одржа во зграда слична на онаа каде се започна, а беше проследена од голем број амбасадори и дипломати.

Фестивалот го објави и датумот за наредната година. Во 2016 година, фестивалот повторно ќе се одржи во периодот од 10-17 август, веднаш по унгарското натпреварување на Формула 1.

Меѓутоа, на самиот крај се случи трагедија што го засени фестивалот. Посетител почина, откако гранка од дрво паднала врз неговиот шатор кој бил поставен надвор од подрачјето на фестивалот, иако организаторите претходно ги предупредиле посетителите дека е опасно и забрането.

Во соопштението се вели дека дрвото најверојатно удрило во шаторот поради поројниот дожд од претходната вечер. Медицинската екипа на фестивалот не успеала да го спаси посетителот поради тешката повреда со која се здобил. Организаторите упатија жалење и сочуство до семејството на починатиот и неговите пријатели.