Сиднеј влезе во 2017-та со огномет посветен на Боуви и Принс

Од Сиднеј до Токијо, преку прослави на главните плоштади, луѓето кои живеат на источната хемисфера веќе почнаа да се збогуваат од 2016-тата година.

Оукленд, градот во Нов Зеланд, беше првиот поголем светски град кој ја пречека 2017 година. Во новата година претходно влегоа и островите Самоа, Тонга и Карибати.

Во Австралија, традиционалниот спектакуларен огномет над Сиднејската опера, годинава беше посветен на починатите музичари Принс и Дејвид Боуви.

Повеќето светски метрополи ја засилија безбедноста пред новогодишната ноќ, по настаните оваа година во која напаѓачи влетаа со камиони во насобраните луѓе во Берлин и Ница. Во Париз, Мадрид и Њујорк ќе бидат поставени бетонски бариери и оклопни возила кои ќе служат како обрач околу централните плоштади каде се најавени главните прослави.