Во стотици руски градови се забележува чад предизвикан од интензивните пожари кои деновиве го зафатија Сибир, пишува Хафингтон пост.
Над 3 милиони хектари се обвиени во пожар, од кои претежно се наоѓаат во тешко пристапни делови, соопштија руските служби.
Пожарите засега не зфатиле населени места, но силниот чад се проширил во околу 800 заедници, меѓу кои Новосибирск, Краснојарск и Чита, информираат службите.

Фото: Чад забележан во центарот на Чита; 1 август, 2019
Властите прогласија вонредна состојба во регионите Иркутск, Бурјатија, Сака и Краснојарск.
Руската војска се приклучи во напорите за гаснење на пожарите, испраќајќи транспортни авиони и хеликоптери. Но, активистите веруваат дека владата не презема доволно активности и неколку десетици протестираа пред Министерството за природни ресурси во четвртокот.
Метеоролозите прогнозираат дека се очекува дожд во некои од опожарените области, но не доволно за да се изгаснат пожарите, јави државната новинска агенција Тас.
За некои пожари се верува дека започнале од удари на гром. Истражниот комитет на Русија, главното кривично истражно тело на земјата, соопшти во четвртокот дека ќе испрати свои претставници во регионот за да ги испитаат причините.
Во меѓувреме, голем број руски уметници и јавни личности изразија загриженост на социјалните мрежи барајќи итна акција за да се сочува тоа што остана од шумите.
Хаштагот „sibirgorit”, што значи „Сибир гори“ е употребен над 20 000 пари на Инстаграм, додека пораката „Save Siberia Forests” („Спасете ги сибирските шуми“ се појавила во 2500 објави на Твитер.
Исто така, речиси 1 милиони луѓе потпишаа петиција со која се бара да биде прогласена вонредна состојба во целиот сибирски регион, со што би се вложиле поголеми ресурси за справување со огнените јазици.
Но, на социјалните мрежи масовно кружат и фотографии кои всушност НЕ СЕ ОД пожарите, односно нивниот контекст е погрешно пренесен. Ова може лесно да се провери со „Search Google for image“.
Лажни фотографии кружат на Интернет
Ова е една од најсподелуваните фотографии на социјалните мрежи, иако содржината нема никаква поврзаност со актуелните пожари. Оваа фотографија може да се најде на страницата за бесплатно преземање фотографии pixabay.com уште од 2016 година.
Оваа фотографија, пак, првпат е објавена во 2017-та година за време на пожар во Тринидад и Тобаго.