SHXCXCHCXSH вечерва во Скопје (BTKRSH FSTVL)

SHXCXCHCXSH сликаШведското техно дуо SHXCXCHCXSH вечерва ќе настапиа во клубот Капан Ан. Нивното гостување  е главниот настан на BTKRSH фестивалот за електронска музика. Мистериозните Швеѓани пред скопската публика ќе се претстават со едночасовен настап во живо, како дел од нивната европска турнеа.  SHXCXCHCXSH се претставници на најмрачните предели на техното, комбинирајќи индустриски звуци со длабок, хипнотички амбиент.  Потпишани се на издавачката куќа Avian, основана од Shifted- еден од најпознатите техно продуценти во моментов. Со свој настап во живо ќе се претстават и Vertical Sofa, таинствен електронски состав од Скопје. Диџеј сетовите се препуштени на BTKRSH диџеите Андреј Анчевски б2б Марко Рикалоски и Martchin. Почетокот на настанот е полноќ.

FB настанот можете да го најдете тука.