Швеѓаните имаат недостиг на отпад

Поради што Шведска има одлична програма за преработка на отпадот и за негово рециклирање, Скандинавците сега се соочуваат со интересна дилема.

Швеѓаните имаат недостиг на отпад

Тие се ослободија од сметот. Шведската програма за управување со отпад и рециклирање овозможи само четири отсто од отпадот во државата да завршува во депониите. Спротивно на тоа, на пример, според американската Агенција за заштита на животната средина, повеќе од половина од отпадот произведени од страна на американските домаќинства завршува во депониите. Бидејќи шведската програма е навистина успешна, а отпадот тие го користат за производство на енергија, Швеѓаните сега живеат во зелениот сон – имаат недостиг од отпад во земјата.

Со цел да се продолжи снабдување со гориво на фабриките за преработка на отпад, кои инаку произведуваат електрична енергија за една четвртина од милион домови како и греење за 20 отсто од домаќинствата, Шведска сега почнува да увезува отпад од депониите од другите европски земји. Всушност, овие земји и плаќаат на Шведска да го стори тоа. Тие се ослободуваат од изворот на гориво кој тие самите го произведуваат, а Шведска продолжува да ги полни своите фабрики и да произведува енергија.

Оттука покрај големата економнска корист, шведскиот систем на одржливост има огромни придобивки за животната средина. Покрај традиционалните програми за рециклирање, нивниот систем за производство на енергија овозможува отпадот да има минимално влијание врз животната средина. Шведскиот исклучително ефикасен кругот на потрошувачката, управување со отпад и производство енергија, им нуди на сегашната популација, но и на идните генерации насоки кон создавање одржлива иднина, пренесува порталот „Pachamama Alliance“Алијансата преку своите инспиративна и едукативни симпозиуми низ целиот свет се труди да ги катализира одржливите модели на производство на енергија и управување со отпад.