Шведските крводарители добиваат смс порака кога нивната крв спасува живот

Поради ниската стапка на крводарителството во целиот развиен свет, шведскиот сервис за давање крв покрена нова идеја со цел да го намали тој недостаток. Една нова иницијатива, со која на донаторите автоматски им се испраќа текстуална порака што им кажува кога нивната крв е искористена, го привлече вниманието на јавноста.

Луѓето кои донираат првично добиваат порака „Благодарам“, но добиваат и друга порака кога нивната крв е подобна за друг.

„Постојано се обидуваме да развиваме начини за да го искажеме значењето на донаторите. Сакаме да им дадеме повратен одговор на нивните напори, така што сметаме дека ова е добар начин за тоа“, изјави Carolina Blom Wiberg, комуникациски менаџер на Крвната услуга во Стокхолм.

Таа вели дека пораките им даваат на донаторите повеќе позитивни информации за тоа како им помогнале на своите сограѓани што ги охрабрува да донираат повторно.

Овој проект стана хит на социјалните мрежи.

Програмата започна во Стокхолм пред три години, но постепено почна да се развива и во некои други локални области по позитивниот прием. Освен Шведска, во повеќе западни земји има голем пад на крводарителството. Најновите податоци на Националниот здравствен сервис велат дека денес има 40 отсто помалку донатори од пред десет години.