Шведски наставник осуден поради нацистички поздрав

„Тоа беше само шега“. Такво објаснување даде еден шведски наставник кој влегувајќи во училница, каде се одржувала настава по германски јазик во една гимназија во Гиславед, извикал “Хајл Хитлер“, при што ја кренал и раката, јави дописникот на МИА од Гетеборг.

Шведски наставник осуден поради хитлеровски поздрав

Но, неговиот гест сепак не бил сфатен само како неумесна шега. Според Општинскиот суд во Јеншепинг, станува збор, меѓу другото, и за поттикнување на етничка омраза, иако не од посериозен карактер.

Наставникот е осуден да плати казна од 8.000 шведски круни (околу 870 евра).

При сослушувањето наставникот рекол дека како личност е шегаџиски настроен, но дека апсолутно не е расист.

Веќе пред судењето тој дал отказ и побарал работа во друга општина, пишува „Вернамо нихетер“.