Шведска измисли и нов збор за да ги обесхрабри луѓето да патуваат со авиони

Чекалните на шведските аеродроми изгледаат се попразно откако се повеќе Швеѓани одлучуваат да патуваат со воз наместо  да летаат со авион. Бројот на патници на шведските аеродроми опадна за 8% годинава. Овој падот се совпадна со појавата на новиот трендовски збор „flygskam“, кој значи срам за летање.

Откако проблемот со климатските промени станува се поочигледен, сè помалку Швеѓани сакаат да патуваат на начин што го сметаат за штетен за животната средина.

Влијанието особено се чуствува во однос на летовите во внатрешноста на Шведска каде што бројот на патници опаднал за 15% само во април. Во едно неодамнешно истражување, една четвртина од Швеѓаните се изјасниле дека одлучиле да не летаат со авион за да ја спасат планетата.

Швеѓаните некогаш беа меѓу народите кои најмногу го користеа авионскиот превоз во Европа, патувајќи на долги дестинации за да ја избегнат долгата скандинавска зима. Шведската туристичка агенција „Винг“ беше пионер во туризмот во африканските земји како Гамбија во 70-тите години на минатиот век. Но денес, тие преферираат да користат воз како транспортно средство, дури и за долги патувања. Тинејџерката Грета Тунберг која е активист за климатските промени, за да стигне на Светскиот економски форум во Швајцарија оваа година, каде се претстави со својот моќен говор, одлучи да патува со воз, за што и беа потребни 65 часа.

„Не сакам да се надевате. Сакам да паничите. Сакам да го чуствувате стравот кој јас го чуствувам. Секој ден. И сакам да дејствувате. Сакам да се однесувате како нашата куќа да е запалена. Затоа што е“, е дел од говорот на Грета Тунберг.

Минатата година во Шведска биле направени дополнителни два милиони патувања со воз. Швеѓаните исто така имаат збор и за оваа намена „Tagskryt“ кој значи неизмерно горд што се користи возот како превозно средство. Постои дури и Фејсбук група каде Швеѓаните кои преферираат да патуваат на меѓународни дестинации со воз прават хроника од своите патувања.