Шведска го укина обвинението за силување на Џулијан Асанж

Обвинителството соопшти дека нема да продолжи со истрагата за основачот на „Викиликс“.

Истрагата  за силување во која е инволвиран основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж кој моментално е во затвор во Велика Британија е прекината, изјави шведски обвинител.

„Сакам да информирам за мојата одлука да ја укинам првичната истрага“ – рече заменик главниот обвинител Ева-Мари Персон на прес-конференција.
Денешната одлука следуваше по пресудата во јуни од страна на шведскиот суд дека Асанж не треба да биде приведен.

Пред два месеци, Асанж беше протеран од Амбасадата на Еквадор во Лондон каде што престојуваше од 2012 година. Тој веднаш беше уапсен и во моментов издржува казна од педесет недели во Велика Британија за непојавување на рочиште во 2012.

Џулијан Асанж се бори против екстрадиција во САД, држава која го обвинува за објавување на тајни документи.

Извор: Guardian