Швајцарија изгласа забрана за носење бурка и превез

Скорешно истражување покажало дека во Швајцарија, помалку од 40 отсто од жените носат бурка или никаб.

Предлогот на десницата да се забрани покривањето на лицето во Швајцарија извојува тесна победа на граѓанскиот референдум кој беше организиран од истата група која во 2009 година донесе забрана за нови минариња.

Новата мерка ќе биде дел од швајцарскиот законик и се усвои со добивање на  51.2 отсто од гласовите.

Новиот предлог во швајцарскиот систем за директна демократија не го споменува Исламот директно, но истовремено се обидува да ги стопира насилните улични протестанти од носење на маска.

„Швајцарска традиција е да се покаже лицето. Ова е симбол на една од основните слободи“, изјавил Волтер Вобман, заседавач на комисијата за референдумот и член на собранието од страна на партијата „Партија на швајцарските граѓани“.

Тој го нарекол покривањето на лицето симбол на екстремниот, политички Ислам кој расте во Европа, за кој нема место во Швајцарија.

Централниот Совет на муслиманите во Швајцарија истакнале дека гласањето е црн ден за заедницата.

„Денешната одлука отвора стари рани и го шири принципот на легална нееднаквост, со што се праќа јасен знак за ексклузија на муслиманското малцинство“, изјавиле од Советот.

Од советот ветиле дека правно ќе го предизвикаат процесот за имплементирање на забраната, а ќе организираат и акции за собирање на финансиски средства за оние жени кои ќе мора да платат казни за носење на превез.

Оваа одлука беше обзнаена во јавноста и пред пандемијата од КОВИД-19, поради која најголемиот дел од возрасното население мораше да носи маски за да го спречи ширењето на вирусот.

Франција го забрани носењето на целосен превез во јавност во 2011 година, а Данска, Австрија, Холандија и Бугарија имат целосни или делумни забрани за носење на превези во јавност.

Во Швајцарија скоро и никој не носи бурка, а околу 30 отсто од жените носат никаб. Ова се податоците кои ги споделил Универзитетот во Луцерн.

Муслуманската заедница изнесува 5 отсто од швајцарското население кое брои 8.6 милиони граѓани. Најголемиот дел од муслиманската заедница во Швајцарија потекнува од Турција, Босна и Косово.

Власта апелираше граѓаните да не гласаат во корист на одлуката.

„По забраната за минариња, поголемиот дел од швајцарската јавност повторно поддржа иницијатива која врши дискриминација врз индивидуална религиозна заедница и непотребно ги зголемува стравот и поделбата. Забраната за превезот не е симбол на женската слобода, туку опасна симболична полиса која ги угнетува слободата на говорот и слободата на религиско убедување“, истакнале од „Амнести Интернешнл“.

Извор: Independent