Швајцарија и Данска бараат од бегалците да си го платат престојот

Бегалците кои пристигнуваат во Швајцарија и Данска треба да им дадат на властите пари или се што е вредно повеќе од 900 евра за да помогнат во покривањето на нивните трошоци додека престојуваат во некоја од двете држави.

Групите кои на терен им помагаат на бегалците сметаат дека ова е нечесно од страна на властите, бидејќи дел од бегалците морале да предадат половина од средствата што ги имале, и бараат оваа мерка да се промени.

„Ако имате вредни предмети над 1000 швајцарски франци (или пари) кога пристигнувате во прифатен центар за бегалци должни сте тие средства да им ги предадете на властите“, пишувало во документот.

Портпаролката на швајцарскиот Државниот секретаријат за миграција соопшти дека во случај некој да се врати доброволно во рок од седум месеци, парите ќе му бидат вратени. Во спротивно, парите ќе бидат употребени за нивните трошоци.

Оние бегалци пак, кои ќе имаат право да останата во Швајцарија мора да оставаат десет отсто од нивната плата во државната каса наредните десет години, се додека не вратат приближно 15 000 евра за трошоците што државата ги плаќала за нивниот престој.

Претходно во Данска беше предложен закон, според кој бегалците кои при пристигнувањето имаат сума поголема од 10 000 круни, може да остават за себе само 10 000. Во претходната верзија на документот се зборуваше за заплена на злато и други скапоцености.

Потоа данските власти одлучија да не им ги одземаат венчални прстените, часовници и други предмети, кои претставуваат сентиментална или битна вредност. Заедно со тоа, по критика од Агенцијата на ОН за бегалци, Данска го зголеми износот што бегалците можат да задржат за себе.

Миграциската политика на властите на Швајцарија и Данска предизвика остра негативна реакција од страна на активистите и обединенувањата на мигрантите од земјите на Блискиот Исток, Централна Азија и Северна Африка.