Шуто Оризари бара прочистувачи на воздух за училиштата

Општина Шуто Оризари апелира до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи на воздух за училиштата.

„Во пресрет на новогодишните празници општина Шуто Оризари почна со акцијата „Биди фраер и донирај прочистувач”, што ќе трае до крајот на јануари, а крајната цел е обезбедување на прочистувачи на воздух во секоја училница во двете основни училишта на територија на општина Шуто Оризари, „Браќа Рамиз и Хамид” и ,„26 Јули”. Како иницијатор на акцијата веќе се обезбедени прочистувачи за детската градинка „8 Април”, информираат од Општината.

Од Град Скопје во декември најавија прочистувачи на воздух за средните училишта, за што ќе бидат потрошени околу 11 милиони денари.