Штрајкуваат 13 факултети на Универзитетот во Сараево

13 факултети и академии, членови на синдикатот на Универзитетот во Сараево вчера стапија во штрајк. Поради штрајкот  е прекинат целиот наставен процес, а студентите нема да можат да ги полагаат испитите, ниту да следат предавања.

Штрајкуваат 13 факултети на Универзитетот во Сараево

Повод за штрајкот се нередовните плати, ограничувањето за примање на нов наставен кадар и малите вложувања во научните трудови.

Берко Зечевиќ, претседател на синдикатот вели дека штрајкот е борба на обесправените кои не можат на друг начин да ги решат проблемите.

„Ниe доволно време нудевме дијалог, а добивавме само закани. Неверојатно е колку е развиена „демократијата“ на Универзитетот и колку се распространети академските слободи’, вели Зечевиќ.

Тој додава дека колективниот договор треба да се усогласи со новиот закон за високо образование и материјалните можности на кантоните во Босна и Херцеговина.

За сериозноста на штрајкот говори и фактот што тој е поддржан од 13 факултети од вкупно 25 високообразовни установи на Универзитетот во Сараево.  Не штрајкуваат само вработените на Факултетот за науки и Академијата за сценски уметности, бидејќи оценуваат дека во овој момент не можат да се решат наталожените проблеми.

Траењето на штрајкот не е одредено, а претседателот на синдикатот Берко Зечевиќ објаснува дека одлуката за престанување со работа ќе биде направена врз основа на дневна анализа на ефектот кој ќе се постигне со оваа мерка.

Извор: Nezavisne