Синџирот ресторани за брза храна „Мекдоналдс“ се соочува со првиот штрајк на вработените во Велика Британија. На две локации вработените престанаа со работа поради договорите за работа без утврдена саатница и лошите работни услови, пренесува Мета.
Вработените во Кембриџ и во Крејфорд, во југоисточниот дел на Лондон, на полноќ почнаа 24-часовен штрајк.
Синдикатот го оценил како храбар потегот на вработените.
Синдикатот на пекарските работници соопшти дека вработените бараат најмалку 10 фунти по час и посигурни работни места.
Од компанијата велат дека станува збор за внатрешно незадоволство, а не за плати.
Ијан Ходсон, претседател на синдикатот на пекарските работници, рече дека синдикатот целосно ги поддржува вработените, кои компанијата досега неколкупати ги изневерила.