Штрајк на просветните работници во Србија

Четирите репрезентативни синдикати на просветните работници денеска одржаа штрајк и не го одржаа првиот час во претпладневната смена во основните и средните училишта во Србија, потврди за агенцијата Бета, Унијата на синдикати на просветните работници на Србија (УСПРС).

Штрајк на просветните работници во Србија

Екипата на весникот Блиц го посети основното училиште „Вук Караџиќ“ во Белград каде поголемиот дел од наставниците го поддржале штрајкот. Училиштето ги известило родителите дека учениците не мора да доаѓаат на првиот час, но некои од родителите поради работните обврски сепак морале да ги доведат децата на училиште во осум часот наутро.

Синдикатите вчера соопштија дека штрајкот го организираат поради најавеното намалување на платите во јавниот сектор и бараат просветните работници да бидат изземени од овие мерки.

Министерот за образование на Србија, Срѓан Вербиќ истакна дека нема потреба од штрајкот, бидејќи со синдикатите постои социјален дијалог.

Извор: Блиц