Штрајк на младите доктори во Британија, силна поддршка од јавноста

Повеќе од 4 000 рутински операции с еоткажани денеска поради најавениот штрајк на младите лекари револтирани поради најавите за нови договори и ново работно време. Докторите во итните служби сепак останаа на своите работни места.

Младите доктори излегоа на штрајк пред болниците утрово во 8 часот. Тие добија силна поддршка од јавноста, но и од лидерот на Лабуристичката партија, Џереми Корбин. Тој побара Владата треба да им се извини на лекари, а штрајкот додаде, е по вина на министрите.

„Сите во Британија ја признаваат и се заблагодаруваат за напорната работа и долгите работни часови од помладите лекари. Третманот од страна на оваа влада не е ништо помалку од ужасен, што доведе до штрајкот на здравствените работници. Ниту еден работник не ја донесе лесно одлуката за штрајк, но вината мора се постави кај оваа влада за начинот на кој се однесува кон лекарите и сега се обидува да ги развлекува по медиумите. Време е оваа влада да им се извинам за помлади лекари и да се преговара за фер договор“, изјави Корбин.

Штрајкот се случува низ целата држава, а докторите се собираат пред болниците, јавуваат британските медиуми.  Тие ја имаат поддршката од 66 отсто од јавноста, додека против штрајкот се 16 отсто, покажуваат спроведените анкети. Здравствените работници нема да се вратат на работа следните 24 часа. Ова, според најавите, е првата фаза од трите планирани штрајкови во знак на протест против обидот за промена на лекарските договори од страна на власта.

Лекарите велат дека со измените ќе се стави на ризик безбедноста на пациентите,  додека од Секретараријатот за здравство сметаат дека промените се неопходни за да се подобри здравствената грижа за време на викендите.