Штотуку влеговте во нова врска, а Фејсбук веќе знае со кого!

Со секој изминат ден станува се појасно дека секоја откриена информација, открива уште стотици нови работи. Така благодарение на алгоритмите кои го следат вашиот приватен живот, како употребата на јазикот , купувачките навики, пријателите, Фејсбук знае за вас – многу повеќе отколку што мислите, пишува порталот Mashable.

Штотуку влеговте во нова врска, а Фејсбук веќе знае со кого!

Затоа сега, мрежата може да ги користи овие информации за да види – што се крие во вашето срце .

Последниот придонес на научниот тим на Фејсбук го допира прашањето, кој со кого е во романтична врска, преку испитување на структирата на неговите пријатели.

Оттука процесот поедноставено функционира на следниот начин. Ако  еден од вашите пријатели на Фејсбук, кој ќе го наречеме Џо, има заеднички пријатели кои допир со различни области од вашиот живот, а помеѓу себе не се поврзани, постои силна индикација дека Џо е или ваш романтичен партнер, или пак еден од вашите најблиски пријатели.

Од компанијата велат дека ова би можело да помогне полесно да одлучат кои постови и мислења да ги ставаат на ѕидот на корисникот.

„Ако успееме да направиме систем за подобро идентификување на сите најважни луѓе во вашиот живот, има многу можности за да се направи подобар Фејсбук”, вели Ларс Бекстром, истражувач во Фејсбук.

Секако, ова ќе биде од големо значење и за компаниите кои рекламираат на Фејсбук, анализира порталот.