Што се пребарува на Гугл во побогатите, а што во посиромашните држави во САД?

Истражување спроведено од Тhe Upshot, сајт на Њујорк тајмс за анализа на новинарски написи, покажува дека Американците пребаруваат преку Гугл во зависност од тоа дали живеат во побогати или посиромашни држави од САД.

up-leonhardt-superJumbo

Резултатите од анкетата, засновани на 10-годишно користење на популарниот интернет-пребарувач, се навистина интересни.

Во делови од САД каде животот е најтежок, како во Kентаки, Арканзас, Мејн, Њу Мексико и Орегон, главна тема за пребарување се здравствени проблеми, диети за слабеење, религија, видео игри и оружје. Темната страна на верата побудува посебно интересирање за „антихрист“ и „пекол“ во топ 10 најчесто пребарувани поими.

Во државите кои живеат „полесно“ како Небраска, Ајова, Вајоминг и голем дел од западниот и источниот брег, жителите најмногу пребаруваат за – фотоапарати, патувања, опреми за бебиња и справи за вежбање.

Заедничко за двете групи се пребарувањата за поимите – Опра Винфри и Супер боул, финален натпревар од првенството во американски фудбал.

Извор: МИА/Nytimes