Што рекоа јавните личности за демократијата?

Што рекоа за демократијата?По повод 15 септември, Меѓународниот ден на демократијата, Младинскиот образовен форум (МОФ) контактира поширока листа на јавни личности, политичари, активисти, уметници, со молба да одговорат на прашањето „Што е тоа демократија?”.

Одговорите се најразлични, од тоа дека демократијата е владеење на народот, слобода на индивидуата, надгласување, дебата, право на избор, очетност, па се до тоа дека демократијата е утопија.

Сепак, преовладува ставот дека демократијата денес е посакувана состојба во која граѓаните не се плашат. Во продолжение, ова се пораките испратени до МОФ за Меѓународниот ден на демократијата.

Оваа кампања е дел од националната кампања за Граѓански и политички права и слободи која се спроведува во склоп на Проект на УСАИД за граѓанско општество.