„Што ме движи кога сè стои?“ – конкурс за ученици од 8 и 9 одделение

Приватната гимназија „Алгоритам“ распишува награден конкурс за изработка на креативен филм, проза или поезија, или пак дигитална илустрација на тема  „Што ме движи кога сè стои?“.

Право на учество имаат сите ученици од 8. и 9. одделение од основните  училишта во Република Северна Македонија.

Изработеното дело може да има еден автор, а секој од нив може да учествува во една или повеќе области со по едно дело.

Делата треба  да  бидат  оригинални,  да  не  ги  прекршуваат  начелата  на авторската сопственост и да не повикуваат на насилство и нетолеранција.

Филмовите можат да бидат снимени со видео камера, мобилен телефон или фото-апарат, а потоа прикачени на Јутјуб, а до организаторите да се испрати линкот. Времетраењето на филмовите да не е подолго од 7 минути.

Поетската творба треба да содржи најмалку 16, а најмногу 30 стихови и да биде напишана со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

Есејот треба да содржи најмалку 2 а најмногу 4 страници и да биде напишан со фонтот Times New Roman (МК) – големина на буквите 12 и со единечен (single) проред.

Дигиталната илустрација, пак, може да биде изработена во која било апликација за дигитална уметност (десктоп, веб или мобилна апликација). Делото може да содржи делови од фотографии и може да содржи текст. Треба да се наведе во која програма е направена илустрацијата, да се испрати крајната верзија во PDF формат и работниот документ ( формат .psd, .ai итн.)

Краен рок за пријавување на конкурсот е 30 март 2021.

По извршената селекција од страна на стручно жири, најдобрите дела од секоја категорија ќе бидат наградени, а точниот датум за доделување на наградите и пофалниците за менторите и учениците ќе биде дополнително објавен.

Изработеното дело треба да се достави до Гимназијата „Алгоритам“ на меил адресата pavlina@algoritam.mk , заедно со следните податоци:

  • Наслов на делото
  • Име и презиме на авторот
  • Адреса
  • Контакт телефонски број
  • Училиште
  • Возраст/одделение
  • Име и презиме на менторот
  • Контакт од менторот