„Што е за вас новинарството?“ – 9 прашања за политичките партии од новинарските здруженија

Во пресрет на изборната кампања, новинарските здруженија на политичките партии и коалиции кои ќе учествуваат на изборите јавно им упатија девет прашања под заеднички наслов „Што е за вас новинарството?“.

Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите во Македонија (СЕММ) велат дека со години забележуваат примери на непринципиелен однос на политичарите кон медиумите и новинарите што кај нив создало дилема – дали најголем дел од политичарите знаат каква е улогата на новинарите и медиумските работници и кое е нивното значење за демократијата?

Прашањата се однесуваат на ставовите на политичките партии за реформите во медиумскиот сектор, гледиштата кон новинарството и идеите што ги имаат околу создавање услови за развој и слободно дејствување на професионалните новинари и медиумски работници, односно за точно, навремено и објективно известување на граѓаните.

„Очекуваме политичките чинители во изборите кои се сериозни да дадат искрени одговори кои понатаму ќе можат и да ги спроведат, а со цел подобрување на слободата на изразување и независноста на медиумите во нашата земја. Во наредните девет дена секојдневно и јавно ќе поставуваме по едно прашање со цел подигање на свеста за тоа што значи новинарството во едно демократско општество. Новинарството е јавно добро и заслужува да добие таков третман, бидејќи нема демократска држава без професионално новинарство и доброинформирани граѓани“, се наведува во заедничкото соопштение на здруженијата.

Во продолжение ова се прашањата кои ЗНМ, ССНМ и СЕММ ги упатија до политичките партии: