„Што е Оумуамуа – НЛО, астероид или комета?“ – Предавање на Скопското астрономско друштво

Предавање насловено „Оумуамуа: НЛО – Астероид или Комета?“ на Скопското астрономско друштво ќе се одржи утре (28 февруари), од 20 часот, на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

„Пред околу година и пол со помош на телескоп ПАНСТАРС откриено е тело кое прво е класифицирано какако комета. По неколку дена се одреди дека е астероид за по само два дена да се објави дека за прв пат е пронајдено тело кое со сигурност не е тело од Сончев Систем. Од тоа почнаа да се теоризираат разни варијанти дека Оумуамуа е тело од вонземско потекло, за што и научници од Харвард понудија докази кои укажуваат на тоа во вид на научен труд. Што е Оумуамуа, какви се понтересни приказни доаѓаат со овој небесен објект и какви прашања ни отвори поминувајќи низ нашиот Сончев систем се прашањата кои ќе се обидеме да ги одговориме на ова предавање“, најавуваат организаторите.

Влезот на предавањето чини 100 денари, додека за членовите на Скопско астрономско друштво и за студентите од ФЕИТ, Машински факултет и ФИНКИ влезот ќе чини 50 денари со покажување членска карта или индекс.

Билетите се купуваат пред почетокот на предавањето на влезот на амфитеатарот и не е потребна претходна најава.